Full Stack Developer

(* 150€ / месечно)

Уписите се во тек!

Аплицирај

За компанијата

PingDevs е нова, иновативна и професионална компанија која нуди висококвалитетна настава во полето на програмирање. Фокусот на компанијата е да овозможи професионални услуги со сериозна посветеност на секој од учениците.

Нашата пасија е да им помагаме на студентите да го имаат најдоброто образование кое ќе им помогне во реалниот свет, без разлика дали ќе се одлучат да работат самостојно или во големи компании. Сакаме да им помогнеме на оние кои веќе одлучиле дека програмирањето ќе им биде, не само начин на заработка, туку и можност да креираат свој производ кој подоцна ќе знаат како да го усовршат и да го адаптираат на најновите технологии.

Како ќе го направиме тоа?

PingDevs ќе ви ги покаже начините на комуникација, алатките и потребните вештини за еден таск да стане реалност. Накратко, ќе ви помогнеме да се снајдете во сите околини и да се чувствувате самоуверени во сите одлуки поврзани со вашата работа. Имаме големо разбирање дека секогаш е тешко да се почне од нула. Затоа сме трпеливи и подготвени за сите потреби на нашите ученици, без разлика на брзината со која напредуваат во текот на курсот.

Како компанија, секојдневно се стремиме да останеме љубопитни и секогаш да бидеме отворени за нови идеи бидејќи веруваме дека ништо не е невозможно. Интегритетот е нашата основа, стоиме покрај нашиот збор, нашата мисија, нашите вредности и ја охрабруваме тимската работа. Интегритетот во комбинација со довербата и почитта, ни дава сила заедно да напредуваме.

Зошто нашата компанија е поразлична?

  • Секој курс е дизајниран да биде концизен и лесен за следење.
  • Користиме лесни и разбирливи термини и јасни упатства за да ја задржиме вашата мотивација и да ви дадеме поттик за работа.
  • Нашата основа се темели на искуство, стекнати вештини и решенија за најразлични проблеми.
  • Сакаме да ви дадеме практично знаење кое ќе го усовршувате со секој иден проект.